Свет Европа Уапсени претставници на ФИФА во Цирих

Уапсени претставници на ФИФА во Цирих

Швајцарската полиција утринава во Цирих уапсила неколку претставници на ФИФА поради обвинение за перење пари, ракетирање и за корупција во последните 20 години. Засега не е познато и официјално не е потврдено кој е уапсен.

Светските медиуми јавуваат дека се уапсени шест претставници, а според „Њујорк тајмс“, претставниците ќе бидат испорачани во САД.

Членовите на ФИФА се собираат во Цирих поради годишниот состанок кој треба д се одржи в петок, на кој актуелниот претседател Сеп Блатер треба да побара петти мандат.