Свет Уапсени помагачи на напаѓачите во Пешавар

Уапсени помагачи на напаѓачите во Пешавар

Пакистанската полиција уапси неколку осомничени за помагање на напаѓачите кои минатата недела во Јавното воено училиште во Пакистан масакрираа 148 лица, од кои 135 беа деца, соопштија пакистанските власти.

Шест лица, меѓу кои и една жена, се уапсени во централната покраина Панџаб.

– Притворени се неколку осомничени кои ги помагале напаѓачите – соопшти министерот за внатрешни работи Насир Али Кан, притоа одбивајќи да објави повеќе детали.