Свет Европа Уапсени осум лица поради смртта на мигранти кои се загушија на брод

Уапсени осум лица поради смртта на мигранти кои се загушија на брод

Италијанските власти привеле осум лица поради криумчарење и смрт на 49 мигранти кои во текот на викендот останаа заробени во внатрешноста на претоварен брод на Средоземното море, изјави италијанскиот обвинител, Микеланџело Патан.

Тој во Катанија изјави дека капетанот на бродот бил Мароканец, додека четворица Либијци, двајца Мароканци и едно малолетно лице од Сирија одржувале ред на бродот.

Обвинителот рекол дека во под палубата на бродот, каде што се наоѓале мигрантите, не можело да се дише поради големиот број на луѓе и бензинското испарување, како и дека криумчарите ги удирале оние кои се обидувале да излезат.

Масимо Тоси, командантот на воениот брод за спасување „Сигала Фулгоси“ рекол дека во саботата телата на мигрантите биле пронајдени на под палубата, а 320 нивни сопатници биле спасени. Помеѓу преживеаните има три деца и 45 жени.