Свет Балкан Уапсени функционери во Србија

Уапсени функционери во Србија

Членот на главниот одбор на Српската напредна странка (СНС) и генерален директор на рудникот „Ресавица“, Владан Милошевиќ (39), е уапсен вчера во Белград, додека во Ниш лисици му ставија на поранешниот директор на фирмата „Југоисток“, Игор Новаковиќ (45), инаку шеф на нишките социјалисти, пренесе „Курир.рс“.

Полицијата, во акција за сузбивање криминал и корупција, уапсила повеќе луѓе кои припаѓале на различни политички опции – Српска напредна страна, Демократска странка и Социјалистичка партија на Србија.