Свет Балкан Уапсени двајца припадници на ИД во Приштина

Уапсени двајца припадници на ИД во Приштина

Косовската полиција уапсила двајца мажи на аеродромот во Приштина поради сомневање дека се работи за повратници од војната во Сирија.

Се верува дека мажите, кои се по потекло од Гнилане, се бореле на страната на Исламска држава.

Полицијата ги уапсила В.Х., роден 1992 година, и Ф.Б. (1997 година) на аеродромот во Приштина кога се враќале со авионски лет од Истанбул.

Според наводите на полицијата, уапсените отишле во Сирија во јануари минатата година.

На Косово, според податоците на полицијата, се наоѓаат околу 120 повратници од редовите на таканаречената Исламска држава.