Свет Европа Уапсени четири лица поврзани со нападот во Ница

Уапсени четири лица поврзани со нападот во Ница

Уапсени се четири лица за кои постојат сомневања дека имаат врска со Мохамед Булел, кој во Ница усмрти 84 лица.

Француската полиција и на почетокот на викендот врши рации низ целата земја во обидот да пронајде нови докази во врска со нападот што се случи во четвртокот.

Мохамед Булел е идентификуван како вршител на нападот и официјално е потврдено дека го возел камионот со кој усмрти 84 лица за време на прославата на Денот на Бастиља.

Вчера приведена беше и поранешната сопруга на Булел, а беше пребаран и неговиот стан во кој се пронајдени „одредени компјутерски материјали“.

Француските власти и понатаму се обидуваат да утврдат дали возачот на камионот дејствувал сам или имал помагачи, како и дали бил поврзан со радикален ислам.

Извори од полицијата велат дека уапсените припаѓаат на „најблискиот круг“ на напаѓачот, како и дека апсењата се изведени на две различни локации во Ница.