Свет Европа Уапсени 667 лица по нередите во Франција поради убиството на момче од...

Уапсени 667 лица по нередите во Франција поради убиството на момче од полициски службеник

И во текот на вчерашната ноќ продолжија немирите во Франција, кои се последица на револтот на граѓаните откако полицаец уби 17-годишно момче поради тоа што со возилото не застанало при рутинска сообраќајна контрола

Фото: Damien Checoury on Unsplash

Трета ноќ по ред траат протестите во Франција по убиството на 17-годишно момче од страна на полициски службеник. Досега се уапсени 667 лица, информираше министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин, пренесува Гардијан.

И во текот на вчерашната ноќ продолжија немирите во Франција, кои се последица на револтот на граѓаните откако полицаец уби 17-годишно момче поради тоа што со возилото не застанало при рутинска сообраќајна контрола.

По третата ноќ со насилни нереди, францускиот претседател Емануел Макрон за денеска повторно свика кризна седница на владата. За справување со протестите биле ангажирани 40.000 француски полицајци.

Во париското предградие Нантер, каде живеело момчето со северноафриканско потекло, мирниот протест кој вчера беше најавен како комеморативен марш, прерасна во насилство и судири со полицијата.