Свет Уапсени 20 осомничени милитанти во Тунис

Уапсени 20 осомничени милитанти во Тунис

Повеќе од 20 лица се уапсени под сомневање дека се дел од милитантните борци што го извршија нападот врз музејот „Бардо“, во кој загинаа 23 лица, соопштија туниските власти.

Нападот во музејот доведе до голема акција на силите за безбедност низ целата држава.

– Уапсени се повеќе од 20 осомничени борци, меѓу кои има и 10 лица за кои се претпоставува дека се директно вклучени во нападот во музејот „Бардо“ – соопшти портпаролот на туниското МНР, Мохамед Али Аруи, додавајќи дека владата ќе ја зголеми безбедноста во големите градови, распоредувајќи армиски сили.