Свет Европа Уапсени 18 терористи во Италија

Уапсени 18 терористи во Италија

Италијанската полиција уапси 18 лица поврзани со терористичка организација блиска до Ал каеда, која поддржува напади врз пакистанската Влада и врз американските сили во Авганистан.

Како што јавуваат италијанските медиуми, уапсените се осомничени дека учествувале во нападот врз пазарот во пакистанскиот град Пешавар од 2009 година, во кој загинаа повеќе од 100 луѓе.