Свет Балкан Уапсени 15 лица за масакрот во Штрпце

Уапсени 15 лица за масакрот во Штрпце

Полициските органи во Србија и во Босна и Херцеговина уапсија 15 лица кои се осомничени дека извршиле воени злосторства во Штрпце. Апсењето е спроведено на барање на обвинителите од двете земји, кои заедно работат на расветлување на масакрот од 1993 година, при кој од воз беа киднапирани и убиени 19 лица.

Како што соопштуваат западните медиуми, во полициската акција е уапсен и поранешен генерал од армијата на Република Српска, но идентитетот на уапсените не се открива.

Истражителите соопштија дека уапсените ќе треба да одговорат по чија наредба е направено киднапирањето и убивањето на патниците од возот.