Свет Свет Уапсени 10 лица во Кина за убивање џиновска панда

Уапсени 10 лица во Кина за убивање џиновска панда

Полицијата во Југозападна Кина уапсиле 10 лица поради убивање женска џиновска панда и продажба на делови од нејзиното тело, објавија кинески државни медиуми.

Џиновската панда е загрозен вид и е на врвот на списокот на заштитени животни во Кина, Диволовот на овие животни е редок, но органите на пандите имаат висока вредност на црниот пазар бидејќи се особено ретки.

Кинеската телевизија јави дека шумската полиција во провинцијата Јунан од ловокрадците и од шверцерите запленила кожа, месо, коски и внатрешни органи од панда.

Ако се прогласат за винови, осомничените би можеле да добијат доживотна затворска казна.