Свет Уапсена мајката на убиените деца во Австралија

Уапсена мајката на убиените деца во Австралија

Австралиската полиција соопшти дека уапсила жена која е мајка на седум од осумте убиени деца. Убиството се случи вчера, во градот Кернс, во северниот дел на земјата, каде беа пронајдени тела со убодни рани на осум деца на возраст од 18 месеци до 15 години.
Жената која е уапсена за убиството беше хоспитализирана поради убодни рани, но е свесна и разговара со полицијата.
Во куќата во која се случила трагедијата, живеел и пријател на жената, кој не е татко на ниту едно од децата.
– Сите родители треба да чувствуваат огромна тага поради ова што се случи. Ова е невидено злосторство – рекол австралискиот премиер Тони Абот.