Свет Уапсен водачот на групата што го нападна музејот во Тунис

Уапсен водачот на групата што го нападна музејот во Тунис

Уапсен е водачот на групата што минатата недела изврши напад врз музејот „Бардо“ во Тунис.

Групата што го извела нападот била составена од 15 терористи и секој од нив имал своја посебна задача.

Портпаролот на МВР на Тунис, Рафик Чели, потврди дека членови на групата претходно се сретнале со алжирскиот терорист Лукман Абу Сакхар, по кого се трага, а кој ја предводи групата Укба ибн нафи, која неодамна изрази лојалност кон џихадистичката Исламска држава.

Во нападот загинаа најмалку 23 лица. Одговорноста за нападот подоцна ја презеде група поврзана со ИД.