Свет Балкан Уапсен српскиот бизнисмен Мирослав Богиќевиќ

Уапсен српскиот бизнисмен Мирослав Богиќевиќ

Има сомневања дека Богиќевиќ на банките им должи повеќе од 400 милиони евра

Српската полиција денеска го уапсила српскиот бизнисмен Мирослав Богиќевиќ, сопственик на компанијата „Фармаком“, поради финансиски криминал и малверзации при подигнување кредити од банки. Има сомневања дека Богиќевиќ на банките им должи повеќе од 400 милиони евра, на српската Даночна управа – 13 милиони евра, а на деловните партнери – 41,5 милиони евра.
Овој бизнисмен, освен на „Фармаком“, сопственик е и на млекарницата „Шабац“, фабриката за акумулатори „Сомбор“, леарницата „Пожега“, како и на рудниците „Сува руда“ и „Леце“.