Свет Уапсен претседателот на фудбалската федерација на Боливија

Уапсен претседателот на фудбалската федерација на Боливија

Претседателот на боливиската фудбалска федерација е уапсен по судски налог, поради сомнеж дека манипулирал со приходите од добротворните натпревари.

Карлос Чавез вчера е испратен во озлогласениот затвор „Палмасол“ во градот Санта Круз. Чавез, покрај функцијата претседател на фудбалската федерација на Боливија, ја извршувал и должноста благајник на јужноамериканската фудбалска конфедерација.

Судот, исто така, одредил куќен притвор за Алберт Лозадо, извршен секретар на боливиската федерација.

Чавез и Лозадо, според обвиненијата, проневериле повеќе од 400.000 долари заработени од пријателскиот меч Боливија – Бразил одигран во 2013 година, а чиј приход требаше да биде доделен на семејството на навивачот што настрада од ракетите за огномет кои ги испукаа бразилските навивачи на претходниот меч на двете репрезентации.