Свет Европа Уапсен маж пред американската амбасада во Берлин поради закани

Уапсен маж пред американската амбасада во Берлин поради закани

Германската полиција утринава уапсила маж кој, наводно, се обидел со бомба во куфер да влезе во американската амбасада во Берлин.

Припадниците на обезбедувањето на амбасадата соопштија дека мажот се оддалечил од влезот по што се обидел да удри еден од чуварите и тврдел дека во куферот носи бомба, соопшти портпаролот на берлинската полиција, Јенс Бергер.

Полицијата го уапсила, а полициски робот испитува дали во куферот има експлозив.

Идентитетот на уапсениот не е познат, но Бергер вели дека постојат „знаци дека е психички растроен“.

Улиците околу амбасадата на САД во строгиот центар на Берлин се затворени.