Хроника Уапсен бегалец од „Идризово“ кој за неколку месеци извршил десет кривични дела

Уапсен бегалец од „Идризово“ кој за неколку месеци извршил десет кривични дела

Екипи на СВР Куманово во координација со Централните полициски служби на МВР, вчера попладне го уапсиле 39-годишниот О.М. од Куманово, кој се барал со потерница поради бегство од затворот „Идризово“.

Уапсениот О.М., како што соопштија денеска од МВР, подолг период бил во бегство, а претходно издржувал затворска казна од 20 години поради убиство и трговија со дрога.

Според полициските информации, тој во периодот додека бил во бегство на подрачјето на Куманово извршил десет кривични дела, односно шест разбојништва, три тешки кражби и одземање на моторно возило.