Македонија „Твитер“ за пресудата за Талевска: Република Условна Македонија…

„Твитер“ за пресудата за Талевска: Република Условна Македонија…

Откако Кривичниот суд денеска и одреди условна казна од две години затвор на новинарката Ивона Талевска, доколку во следните четири години не го повтори или стори друго кривично дело, на социјалните мрежи има многу коментари на негодување за казната која ја доби Талевска за затајување данок во случајот „Тифани“ на СЈО.

Дел од корисниците гневни велат дека нема да плаќаат веќе данок, други сметаат дека таа требала да добие ефективна казна затвор.