Македонија Туск утре на средба со Иванов во Скопје

Туск утре на средба со Иванов во Скопје

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, утре доаѓа на средба со претседателот Ѓорге Иванов, со кој ќе разговара за бегалската криза.

Посетата е дел од минитурнејата на Туск, во чии рамки, од 1 до 3 март, тој ќе ги посети Виена, Љубљана, Загреб, Скопје и Атина, за да се продолжи со градење на европски консензус за справување со мигрантската криза, но и за подготовка на Самитот ЕУ – Турција на 7 март и на Европскиот совет на 17 и на 18 март.

Посетата на Туск, која е најавена на неговата веб-страница, ја потврдија и од кабинетот на претседателот Иванов. Пораките со кои доаѓа претседателот на Европскиот совет се тие што тој ги искажа пред Европскиот парламент на 24 февруари.