Свет Европа Туск: ЕУ е отворена за можноста Велика Британија и натаму да остане...

Туск: ЕУ е отворена за можноста Велика Британија и натаму да остане членка

Европската Унија е отворена за можноста дека Велика Британија ќе го промени ставот за Брексит и ќе остане дел од Унијата, рече претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во Европскиот парламент.

Туск изјави дека доколку владата на Велика Британија остане на својата одлука да ја напушти ЕУ, Брексит со сите свои негативни последици ќе стане реалност во март 2019 година.

-Се разбира, оставаме и простор нашите британски пријатели да го променат мислењето. Ние овде на континентот не сме го промениле мислењето и натаму сме отворени за вас – рече Туск.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, рече дека се надева оти пораката на Туск ќе биде јасно слушната во Лондон.