Свет Балкан Турција: Убиени двајца полицајци во близина на границата со Сирија

Турција: Убиени двајца полицајци во близина на границата со Сирија

Двајца полицајци се убиени во напад на турскиот град Џејланпинар, во близина на границата со Сирија.

Нападот се случи два дена по самоубиствениот бомбашки напад во кој загинаа 32 лица во Суруч.

Премиерот Ахмет Давутоглу рече дека нападот е поврзан со милитантната група Исламска држава.

Турската влада на денешната седница ќе донесе одлука за зајакнување на безбедносните мерки на границата со Сирија.