Свет Балкан Турција состави обвинение против Ѓулен од 2.500 станици

Турција состави обвинение против Ѓулен од 2.500 станици

Турското обвинителство состави обвинение против поранешниот имам Фетулах Ѓулен кое содржи 2.500 страници и во кое се обвинува за организирање на пучот во кој загинаа 240 лица.

Во обвинението се бараат два доживотни затвора за Ѓулен и дополнителни 1.900 години затвор за обидот за уривање на уставниот поредок и создавање паралелни терористички организации.

Ѓулен, кој живее во егзил во САД ги отфрла обвиненијата за вмешаност во обидот за воен удар.