Свет Европа Турција не планира да ги враќа бегалците во зоните на судири

Турција не планира да ги враќа бегалците во зоните на судири

Турција не планира да ги враќа бегалците во зоните на судири, изјави турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

Тој истакна дека не гледа правни пречки за примена на договорот со ЕУ и додаде дека Европската Унија во голема мера ги прифатила условите на Турција во рамки на тој договор.

Турција во понеделникот се согласи да ги прифати сите нерегуларни мигранти во замена за повеќе финансиски средства, воведување на безвизен режим за патување во Европа за турските граѓани, како и за забрзување на преговорите за членство на земјата во ЕУ.