Свет Балкан Турција нареди апсење на 70 поранешни административци

Турција нареди апсење на 70 поранешни административци

Властите во Турција денеска објавија налози за апсење 70 поранешни работници на Министерството за финансии поради наводната вмешаност во минатогодишниот обид за пуч, јави „Си-ен-ен Турк“.

Турција го обвини имамот Фетулах Ѓулен, кој е во егзил во САД, дека го оркестрирал обидот за воен удар. Тој ги демантира ваквите тврдења.

Властите по неуспешниот пуч сменија или суспендираа околу 150.000 лица во државните служби и приватниот сектор, а повеќе од 50.000 лица се приведени.

Групите за заштита на човековите права ги критикуваат ваквите акции, а одредени западни сојузници на Турција стравуваат дека се користи ситуацијата за пресметка со неистомислениците.

Властите во Турција наведуваат дека ваквите чистки се неопходни поради сериозните закани после обидот за воен удар.