Свет Европа Турција издаде налог за апсење на лидер на курдска партија

Турција издаде налог за апсење на лидер на курдска партија

Турција денеска издаде налог за апсење на лидерот на политичката партија на сириските Курди поради бомбашкиот напад во Анкара во февруари годинава.

Се работи за лидерот на курдската Партија на демократското единство, Салих Муслим, како и за уште неколку пребегнати членови на забранетата курдистанска работничка партија.