Свет Балкан Турските сили убиле 14 курдски милитанти

Турските сили убиле 14 курдски милитанти

Турските сили за безбедност убиле најмалку 14 милитанти во претежно курдскиот дел на југоистокот на земјата, соопштија денеска воени извори.

Во интернет-соопштението на Генерал-штабот се наведува дека член на „селската стража“, кој се борел на страна на владините сили, е убиен денеска за време на судирите со борците на Работничката партија на Курдистан (ПКК) во округот Сур.

Војската објави дека борците на ПКК се убиени во Сур и во градовите Чизре и Силопи.

Во овие области минатиот месец беше воведен полициски час.