Свет Балкан Турскиот парламент ги одобри уставните реформи за зголемување на власта на Ердоган

Турскиот парламент ги одобри уставните реформи за зголемување на власта на Ердоган

Турскиот парламент ги одобри измените на уставот на земјата што предвидуваат зголемување на овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопштил парламентот.

Со ова, како што јавуваат светските агенции, е отворен патот за одржување на референдум во Турција на кој граѓаните на земјата ќе треба да се изјаснат за промените, кои на Ердоган, покрај поголеми овластувања, ќе му овозможат да остане претседател на земјата до 2029 година. Се очекува референдумот да биде спроведен напролет.

За измени на уставот гласале 339 пратеници во турскиот парламент.

Парламентот на Турција брои 550 пратеници, а за усвојување беше неопходно најмалку 330 пратеници да ги поддржат уставните реформи.