Свет Балкан Турски демонстранти со јајца ја гаѓаа германската амбасада во Анкара

Турски демонстранти со јајца ја гаѓаа германската амбасада во Анкара

Турски демонстранти со јајца ја гаѓаа амбасадата на Германија во Анкара, откако парламентот во Германија ја усвои резолуцијата со која убиството на Ерменците за време на Првата светска војна е квалификувано како геноцид.

Околу 200 демонстранти се собрале пред амбасадата, извикувајќи „Не верувајте на лагите за геноцидот“.

Со јајца биле погодени ѕидовите на амбасадата, влезната капија, а никој од персоналот не бил повреден.