Свет Балкан Турски авион излета од писта и за малку ќе завршеше в море

Турски авион излета од писта и за малку ќе завршеше в море

Авион на турската компанија „Пегазус“ избегнал катастрофа вчера откако излизгал од пистата на аеродромот во турскиот црноморски град Трабзон и за малку не завршил во морето. Неговиот труп сопрел на стрмната падина од пистата до морето.

Никој од 162 патници и членови на екипажот во „боингот 737-800“ не бил повреден и сите биле релативно бргу евакуирани.

Властите сѐ уште испитуваат што е причината за излетувањето на авионот при слетувањето. Авионот полетал од Анкара вчера во вечерните часови и при слетувањето имал проблеми со намалувањето на брзината.