Свет Балкан Турската полиција уапси 10 осомничени радикали

Турската полиција уапси 10 осомничени радикали

Најмалку десет лица се уапсени во рациите на турската полиција против осомничени припадници на ултралевичарски групи во Истанбул.

Полициските акции во Истанбул и во Анталија следуваат два дена по убиството на киднапираниот обвинител во Истанбул, што го извршија припадници на ултралевичарската групација Револуционерна народна ослободителна партија – фронт.