Свет Европа Турската полиција апси следбеници на имамот Фатулах Ѓулен

Турската полиција апси следбеници на имамот Фатулах Ѓулен

Турската полиција денеска почна операција за апсење на следбениците на ривалот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, имамот Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД, јавуваат турските медиуми.

Екипи на антитерористичката полиција рано наутро извршиле претреси во Истанбул и уште во 12 други градови во Турција, а повеќе од 20 лица се уапсени, меѓу нив и новинари, извршни директори, продуценти и телевизиски автори блиски на Ѓулен.

Како што пренесуваат странски медиуми, голема група луѓе се собрала пред канцеларијата на дневниот весник „Заман“ во предградието на Истанбул, принудувајќи ја полицијата да ја напушти зградата без ниту еден од вработените во весникот.