Економија Туристичките потенцијали на Македонија претставени на саем во Турција

Туристичките потенцијали на Македонија претставени на саем во Турција

Туристичките потенцијали на Македонија беа презентирани пред претставници од туристичката индустрија на Саемот за туризам во Истанбул на кој присуствуваат повеќе од 80 држави.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ги промовираше природата, културата и отоманските споменици во Македонија, како и македонската традиција и градовите кои може да се посетат.

Делегацијата на Агенцијата оствари бројни средби со претставници на познати тур-оператори и компании кои дејствуваат во областа на туризмот.