Економија Туристичкиот потенцијал на земјата претставен на Саем за туризам во Берлин

Туристичкиот потенцијал на земјата претставен на Саем за туризам во Берлин

Македонија со свој штанд се претставува на еден од најголемите саеми за туризам во светот, кој се одржува во Берлин од 9 до 13 март.

На Саемот за туризам во Берлин била промовирана и првата регионална конференција за активен туризам „Адвенчр некст Балканс 2016“ (Adventure Next Balkans 2016), која ќе се оддржи во Македонија од 10 до 12 мај и на која ќе учествуваат повеќе од 300 туристички оператори и повеќе од 45 медиуми од светот.

На Саемот во Берлин својата понуда ја претставиле повеќе македонски туристички оператори.