Економија Туристичкиот потенцијал на Македонија претставен на саем во Тирана

Туристичкиот потенцијал на Македонија претставен на саем во Тирана

Агенцијата за промоција и за поддршка на туризмот (АППТ) ја претстави туристичката понуда на Македонија пред 73 изложувачи и гости на првиот меѓународен саем за туризам „Медитераниан туризм фер“  (Mediteranian tourism fair) во Тирана.

Директорката на АППТ, Лела Крстевска, истакнала дека годинава балканските земји заедно ќе се претстават на саем за туризам во Јапонија, што е потврда за регионалната соработка.

Туристичката понуда од Македонија особено била интересна на помладата публика, а штандот го посетиле македонски и албански дипломати, како и туристички работници.