Свет Свет Тунис ќе затвори 80 џамии

Тунис ќе затвори 80 џамии

Околу 80 џамии ќе затвори владата на Тунис поради нападот кој се случи вчера пред хотел во туристичкото одмаралиште во градот Сус.

Џамиите кои ќе бидат затворени не се контролирани од државата, а премиерот на Тунис, Хабиб Есид, ги обвини џамиите дека поттикнуваат насилство и дека во рок од една недела Министерството за внатрешни работи ќе ги затвори.

Одговорноста за нападот во кој загинаа претежно европски туристи ја презедоа милитантите од Исламска држава.