Свет Балкан Црна Гора ги почнува пристапните преговори со НАТО

Црна Гора ги почнува пристапните преговори со НАТО

Црна Гора денеска го почнува пристапните преговори со НАТО и подготвена е за тој процес, изјави во интервјуто за црногорската државна телевизија министерката за одбрана, Милица Пејановиќ-Џуршиќ.

Преговорите најверојатно ќе траат до април, а важен дел од процесот е тоа што сите 28 членки на Алијансата мора да ја ратификуваат спогодбата за пристап, што би можело да биде завршено најдоцна во првата половина на следната година.

Министерката за одбрана прецизирала дека тимот што отпатувал во Брисел, го сочинуваат претставници од ресорите за одбрана, надворешни работи и за европски интеграции, Агенцијата за национална безбедност, Дирекција за заштита на тајните податоци, како и од Мисијата на Црна Гора при Алијансата.

Од другата страна на масата ќе биде тимот на НАТО, предводен од заменик на генералниот секретар за прашања од одбраната.