Свет Балкан Ципрас се надева на придвижување на работите меѓу Атина и Скопје

Ципрас се надева на придвижување на работите меѓу Атина и Скопје

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, се надева дека мерките за градење доверба ќе помогнат да се забрза процесот на решавање на спорот за името. Говорејќи на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), грчкиот премиер посочи дека Грција работи на решавање на сите отворени прашања со земјите од Западен Балкан, посочувајќи го обидот да се надмине спорот со Македонија.

Ципрас во својот говор спомена дека Грција предложила преговарачка рамка која вклучува имплементирање на мерки за градење доверба, кои се надева дека ќе овозможат побрзо решавање на спорот за името и отвораат простор за поголема соработка.

Тој истакна дека Грција останува голем поддржувач на европската перспектива за државите од Западен Балкан и работи на подобрување на билатералните врски со овие земји.

М.П.