Свет Балкан Ципрас до Столтенберг: Важно е придржувањето до декларацијата од Букурешт

Ципрас до Столтенберг: Важно е придржувањето до декларацијата од Букурешт

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вчера имал телефонски разговор со премиерот на Грција Алексис Ципрас со кој го информирал за неговата неодамнешна посета на Република Македонија, јавија грчките медиуми.

Ципрас ги поздравил изјавите на Столтенберг во врска со спорот околу името со соседната земја, истакнувајќи ја важноста од доследното придржување до декларацијата на Самитот во Букурешт.

На таа средба во 2008 година, членките на Алијансата донесоа заклучок Македонија да стане членка дури откако ќе се реши проблемот со името.