Македонија Центарот на Скопје и денеска затворен за сообраќај

Центарот на Скопје и денеска затворен за сообраќај

Сообраќајот во центарот на Скопје од 13 часот денеска е затворен превентивно поради најавените протести за вечерва.

Како што соопшти Автомото-сојузот на Македонија, не се пропуштаат возила од крстосницата помеѓу улиците 11 Октомври и Кочо Рацин, сè до крстосницата на улиците Васил Главинов и Даме Груев. Сообраќајната полиција го пренасочува сообраќајот по околните улици.

Сообраќајот во централното градско подрачје на Скопје беше блокиран и вчера попладне.