Економија Цените на индустриските производи повисоки за 0,5 отсто на годишно ниво

Цените на индустриските производи повисоки за 0,5 отсто на годишно ниво

Продажните цени на индустриски производи на домашниот пазар во мај се повисоки за 0,8 отсто на месечно ниво, односно за 0,5 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во мај, во однос на истиот месец лани, продажните цени на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите капитални производи за 7,6 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 3,9 проценти, енергија за 1,6 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,3 проценти.