Економија Цените на индустриските производи на домашниот пазар се намалуваат

Цените на индустриските производи на домашниот пазар се намалуваат

Продажните цени на индустриските производи на домашниот пазар се пониски за 0,1 отсто на месечно ниво, односно за 0,7 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во февруари 2016, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 отсто и интермедијарни производи, освен енергија за 0,3 отсто.

Во февруари 2016, во споредба со истиот месец лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите интермедијарни производи, освен енергија за 1,4 отсто, нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,1 отсто и енергија за 0,1 отсто.