Хроника Царината заплени 326 литри шверцуван „ред бул“

Царината заплени 326 литри шверцуван „ред бул“

Царински инспектори од одделението за истраги, во магацини на две скопски фирми откриле 326 литри шверцуван енегретски пијалок „ред бул“, соопшти Царинската управа.

Како што информираат оттаму, инспекторите при контрола на магацин на Кванташки пазар во Скопје, откриле 1.140 лименки „ред бул“, без декларации на македонски јазик, на кои составот на производот бил напишан на бугарски и на романски јазик, а на најлонските обвивки на пакетите стоеле етикети со ознаки „БГ“ и „РО“.

Во вториот случај, пак, 164 лименки од 250 милилитри, од истиот енергетски пијалок, биле откриени во магацинот и на полиците за продажба на фирма во населбата Чаир. И во овој случај на лименките немало декларација на македонски јазик.

Во двата случаи, сопствениците на фирмите немале никакви документи за потеклото на производите, поради што тие биле привремено одземени, а против фирмите и одговорните лица во нив Царинската управа поднела пријави.