Свет Тројца загинати во самоубиствен напад во Пакистан

Тројца загинати во самоубиствен напад во Пакистан

Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени во самоубиствен напад на северозападот на Пакистан, соопштија локалните власти.

Мета на нападот било полициско возило во областа Џамруд, рече локалниот претставник Шаукатулах Африди. Возилото им припаѓало на племенските полициски сили Касадар.

Во нападот повредени се најмалку 43 лица, кои се хоспитализирани во Пешавар.

Војската од октомври минатата година се бори против групата Пакистански талибанци и нивните сојузници од групата Лашкар-е-ислам.

Групата Пакистански талибанци, која е одвоена, но соработува со авганистанските талибанци, се обидува од 2007 година да ја собори пакистанската влада и да воведе шеријатско право и закон.