Свет Европа Тројца загинати во пожар во Москва

Тројца загинати во пожар во Москва

Три лица загинаа, а двајца пожарникари се водат за исчезнати во пожар што зафати фабрика за мебел во Москва.

Пожарот се проширил на површина од 3.700 квадратни метри и предизвикал уривање на покривот на фабриката. Во борбата со огнената стихија биле ангажирани 120 пожарникари.

Како што јавуваат руските медиуми, пожарот изби синоќа во еднокатна зграда на фабрика за мебел, сопственост на италијанската фирма „Модер“.

Се проценува дека на пожарникарите ќе им треба најмалку уште еден ден за целосно да го изгаснат пожарот, за кој засега нема информации од што бил предизвикан.