Свет Тројца убиени и еден повреден на тинејџерска домашна забава во САД

Тројца убиени и еден повреден на тинејџерска домашна забава во САД

Три лица се убиени, а едно е повредено, при престрелка што се случила на домашна тинејџерска забава во гратчето Мукилтео, кое се наоѓа на околу 40 километри од Сиетл, во американската држава Вашингтон. Повредениот е хоспитализиран, но засега нема информации за неговата здравствена состојба.

Како што јавуваат локалните медиуми, на забавата имало околу 15-20 лица.

Градските власти преку „Твитер“ соопштија дека полицијата уапси едно лице во округот Луис, кое е осомничено за нападот, а пронајдено е и оружјето со кое пукал.

Полицијата засега не открива повеќе детали за инцидентот, ниту за осомничениот.