fbpx
Таг: мртви

таг: мртви

Кога официјални лица прават забуни за бројките околу Ковид-19, последиците се сериозни

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

СЗО: Алкохолот не штити од коронавирус, и не е точно дека короната се шири и од мртво тело

Информациите што се проширија неодамна дека коронавирусот може да се шири од мртво тело се непотврдени. Она што е сигурно досега е, најновиот одговор на Светската здравствена организаиција за ова прашање, при што се вели дека „освен во случаи на хеморалгична треска (како ебола, Марбург) и колера, мртвите тела обично не се заразни”. Затоа, известување дека е “регистриран првиот...

Во Грција сезонава 25 жртви на вирусот Западен Нил што го пренесуваат комарци

Дури 25 лица во Грција починале од вирусот Западен Нил од јуни до вчера, покажува најновиот неделен извештај на Националната здравствена организација на Грција (ЕОДИ). Овој вирус го пренесуваат комарци, а најмногу тигрестиот комарец. До вчера, здравствените работници утврдиле 195 случаи на заразени од Западен Нил. Од нив кај 121 пациент се појавиле заболувања на централниот нервен систем, како енцефалитис...

Најмалку 10 жртви откако комби во Торонто покоси пешаци

Десет луѓе се мртви, а 15 се повредени во инцидент што вчера се случи во најголемиот канадски град Торонто. Сè уште не е утврдено дали станува збор за терористички акт или напад поради други причини. Инцидентот се случил вчера во 13.30 часот по локално време, на раскрсницата на улицата Јонг и авенијата Финч. Возачот на комбито, 25-годишниот Алек Минасиан, бил уапсен...

Сириска опозиционерка и нејзината ќерка пронајдени мртви во Истанбул

Сириската опозициска активистика и нејзината ќерка - новинарка се пронајдени мртви во нивниот стан во источниот дел на Истанбул, јавија денеска турските медиуми. Телата на шеесетгодишната Тела Арубе Баракат и нејзината 22-годишна ќерка Хала Баракат биле пронајдени од полицијата, откако нивни роднини пријавиле дека не можат да стапат во контакт со нив. Според турските агенции, соседите во зградата изјавиле...

Улиците на источниот дел на Алепо преполни се со мртви луѓе

Евакуацијата од источниот дел од Алепо, кој до вчера беше под контрола на бунтовниците, требаше да почне утринава, но се чини дека би можела да биде одложена до утре, пренесуваат светските медиуми, повикувајќи се на агенцијата „Ројтерс“. Дваесетина автобуси од рано утринава чекаат од градот да ја извлечат првата група цивили и повредени борци, но засега нема знаци дека евакуацијата...

По 12 години, нова комисија ќе ја истражува смртта на двајца војници на Топчидер

Владата на Србија денеска донесе одлука да формира комисија која ќе ги разгледува фактите и околностите поврзани со смртта на двајцата гардисти на војската на Србија, Драган Јаковљевиќ и Дражен Миловановиќ, во тајниот воен објект на Топчидер во Белград, на 5 октомври 2004 година. Одлуката е донесена по состанокот на премиерот Александар Вучиќ со семејствата на војниците. Случајот е повторно...

Тројца убиени и еден повреден на тинејџерска домашна забава во САД

Три лица се убиени, а едно е повредено, при престрелка што се случила на домашна тинејџерска забава во гратчето Мукилтео, кое се наоѓа на околу 40 километри од Сиетл, во американската држава Вашингтон. Повредениот е хоспитализиран, но засега нема информации за неговата здравствена состојба. Како што јавуваат локалните медиуми, на забавата имало околу 15-20 лица. Градските власти преку „Твитер“ соопштија дека полицијата уапси...

Голем број жртви во експлозија во близина на џамија во Латакија

Во експлозија на бомба во близина на џамија во сирискиот крајбрежен град Латакија, убиени и ранети се голем број луѓе, објави сириската државна телевизија. Информацијата ја објави и либанската телевизија „Ал Манар“, која е под контрола на Хезболах. Сирискиот ТВ-канал „Ихбарија“ ја опиша експлозијата како терористички напад и додаде дека се случила во близина на центарот на градот, додека луѓето излегувале...

Напад на пазар во Багдад – 50 мртви

Најмалку 50 лица се убиени во експлозија на бомба на пазар во багдадскиот кварт Садр. Ирачки полициски претставници изјавија дека околу 60 лица се повредени во нападот, додавајќи дека неколку ранети се во критична состојба. Бомбата уништила повеќе автомобили, а оштетила и неколку околни згради, потврди полицијата. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, но се претпоставува дека е дело...

Телата на мажот и на жената биле најдени без облека и во фаза на распаѓање

Еден до друг, без облека, легнати на кревет и во фаза на распаѓање. Вака биле најдени телата на 33-годишниот маж и на 27-годишната девојка во мотел, во индустрискиот дел на Битола, информира полицијата. Во исчекување на официјалните информации од обдукцијата, во јавноста веќе се шират шпекулации дека починатите, инаку Роми од битолската населба Баир, биле во љубовна врска, а за...

Маж и жена пронајдени мртви во мотел во Битола

Триесет и тригодишен маж и 27-годишна жена вчера попладне биле најдени мртви во мотел во центарот на Битола, јавуваат медиумите. Информацијата за смртта на двете лица ја потврдиле од битолската полицијата, пишува весникот „Вест“. Како што пренесува весникот, настанот во полицијата го пријавил персоналот во мотелот, откако двајцата гости подолго време не излегувале од собата, која ја изнајмиле пред неколку дена. Лекар...

Двајца мртви по пукање во Сиднеј, во тек полициска операција

Две лица наводно се убиени во пукање пред седиштето на полицијата во Сиднеј, Австралија, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на извештаите на австралиските медиуми. Според изјави на очевидци, на улицата пред станицата, во бизнис-областа Парамата, биле забележани две мртви тела покриени со чаршафи. Полицијата сè уште не го потврдила случајот и смртта на двете лица, но сооптштила дека во тек е полициска...

Двајца мажи со прострелни рани најдени мртви во автомобил кај Драчево

Тела на двајца мажи, со прострелни рани, синоќа околу 19 часот биле пронајдени во автомобил, марка „ровер 75“ со охридски регистарски таблички, во нива покрај патот кон село Драчево, во близина на селото Долно Количани, пренесуваат медиумите, повикувајќи се на информации од полицијата. Според информациите, јавниот обвинител и полициските екипи, кои извршиле увид, на местото нашле пиштол. Телата на двете...

Педесет мигранти најдени мртви на брод во Средоземното море

Тела на околу 50 луѓе биле пронајдени мртви на брод кој превезувал мигранти, а кој денеска бил пресретнат од екипа на мисијата на Европската унија „Фронтекс“ во близина на либискиот брег во Средоземното море, јавуваат светските агенции, повикувајќи за информации од италијанската крајбрежна стража. Според информациите, од бродот биле спасени околу 430 луѓе, а спасувачката операција ја извеле екипите на...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...