Свет Европа Тројца Сиријци испратени од ИД, уапсени во Германија

Тројца Сиријци испратени од ИД, уапсени во Германија

Германската полиција уапсила тројца Сиријци под сомневање дека биле пратени од Исламска држава за да извршат напади, соопштиле од федералното обвинителство, јавува „Би-би-си“.

Тројцата Сиријци, на возраст од 17, 18 и 26 години, биле уапсени по серијата полициски претреси на локации во сојузните држави Шлезвиг – Холштајн и Долна Саксонија, извршени утрово.

Засега не се најдени податоци за конкретни мисии и наредби, соопштило федералното обвинителство. Сепак, од полицијата велат дека заплениле голем број материјали.