Видео Тројца руски новинари повредени во Сирија

Тројца руски новинари повредени во Сирија

Руското министерство за одбрана соопшти дека три руски новинари се повредени додека се движеле по линијата на фронтот во Сирија.

Според министерството, трите новинари биле на пат кон селото Ал Дагмашлија во провинција Латакија, под контрола на владините сили, кога ракета паднала во близина на нивниот автомобил.

Руското министерство соопшти дека војниците што биле со нив се полесно повредени и се однесени во болница во руска воена база.

Русија од 30 септември изведува воздушни напади во Сирија против џихадистите на Исламска држава.