Свет Тројца полицајци ранети во Каиро

Тројца полицајци ранети во Каиро

Тројца полицајци се ранети во експлозија на бомба во Каиро, соопштија извори од египетската влада. Оттаму наведуваат дека станува збор за продолжение на серија терористички напади.

Експлозијата се случила во богатата населба Хелиополис, на северостокот на главниот град на Египет. Одговорноста за нападот засега никој не ја презел.

Египетската влада се обидува да го запре насислството на Синајскиот Полуостров кое трае веќе две години, а опасност има од терористички групи чија цел е на оваа територија да ја донесат Исламска држава, додека од друга страна владата во Каиро се обидува да го уништи тероризмот и да го промовира туризмот.

Насилството почна кога војската пред две години го симна од власт претседателот Мохамед Морси, кој подоцна беше затворен и осуден на смрт, а на мета на терористите се најдоа државни службеници, институции и туристи.