Свет Тројца падобранци загинаа откако се судриле во воздух

Тројца падобранци загинаа откако се судриле во воздух

Тројца падобранци загинаа во Квинсленд откако се судрија во воздух, соопшти австралиската полиција.

Итната полош и полиција веднаш биле повикани во местото Бич, јужно од Квинс, каде се случила несреќата.

Како што пренесува „Би-би-си“, загинале двајца мажи на возраст од околу 30 години, како и една 50-годишна жена. Падобранците починале веднаш, соопшти полицијата во Квинсленд.

Според прелиминарнарната истрага, несреќата се случила кога еден падобранец се удрил во другите два, тандем падобранци, поради што падобраните не им се отвориле правилно.